Црква „Свети Атанасиј“, село Пашино Рувци.

Црква „Свети Атанасиј“, село Пашино Рувци

Црква „Свети Атанасиј“, село Пашино Рувци

Црквата Свети Атанасиј е еднокорабна градба, засведена, со галерија (женска црква).

Црквата е позната и како „Селска Црква“ – археолошко наоѓалиште во селото. Претставува осамен наод од римско време. Наоѓалиштето се наоѓа во самата црква, во нејзиниот двор, каде се наоѓаат повеќе споменици од мермер, и тоа: фрагментирана надгробна стела со грчки и латински натпис која на средината има претстава на коњаник и пред него дрво; женска статуа од бел мермер без глава, висока 1,35 м, и капител украсен со волути и акантус.

За црквата нема податоци кога е подигната, иако се мисли дека е доста стара. Црквата се наоѓа во западниот дел на селото.

Нема Коментари

Коментирај