1965: Лого на Општинскиот фудбалски сојуз

Општински фудбалски сојуз

Општинскиот фудбалски сојуз – Прилеп е формиран во 1965 година со цел осамостојување или „отцепување” од дотогашниот регионален центар, Битола. Потребата била практична, бидејќи ФК Победа за да земе нов играч требало да се патува до Битола за потребните документи, исписници или регистрација.

Излезот бил во поедноставната процедура. Иницијаторите, водечките фудбалски работници, пред сé, Александар Самарџиоски, Петар Чатлески и други, барале од ФСМ формирање на општински фудбалски сојуз со своја лига во две групи. Првак на едната група бил ФК Хајдук, а на другата ФК Искра од Ропотово.
Во баражот победил ФК Хајдук на тренерот Благоја Башески но регионалниот центар во Битола не го признавал првакот.
Подоцна слична судбина доживува и ФК 11 Октомври, за одземено прво место во Битолскиот потсојуз. Неизвесноста завршува во 1968 година кога од ФСМ дефинитивно доаѓа потпис на претседателот Ивановски и првиот човек на судиската организација Анчевски. Тоа било и признавање на ОФС. Тој е првиот осамостоен општински сојуз, бидејќи претходно постоеле само три регионални во Скопје, Битола и Штип.

Се поставиле темелите на локалната фудбалска организација. ОФС станува обединител на фудбалот од општината и на сите клубови, тренери, судии, педагози. Се организирале семинари. Фудбалот го зазел местото и во селските средини. Излегувале таленти кои прераснувале во врвни фудбалери, првотимци на Победа и на помалите клубови. Напредувале и судиите во сојузен ранг, како Маџоски, Стеваноски, Конески, Јанески, Мазгалоски… Во 1971 година Прилеп станал и седиште на Пелагонискиот регион.

Нема Коментари

Коментирај