ФК „Црн Бор“, Витолиште е формиран во 1979 година. Клубот е формиран од голема група на ентузијасти. Првите натпревари се играле на селските ливади, и тоа претежно за време на летните селски слави.За топки се користеле сошијани крпи во округла форма, наполнети со лесна материја, или свински бабулиња, замотани со шајак.
Први членови во иницијативниот одбор за формирање на клубот биле: Ристо Николовски, Атанас Опурчаковски, Димитрија Макревски, Панто Пашоски и др. Овој фудбалски клуб своето име го добил по тогашниот шумски гигант „Црн Бор“.
Најпознати играчи, кои го носеле дресот на клубот се: Димитрија макрески, Димо Пацароски, Крсте Макревски, Трајко Мидовски, Панто Пашовски, Митре пашовски, Ристе николоски, Симон Пашовски, Андреј Николовски…
Клубот се натпреварувал во општинските лиги. Во 1980 година изграден е терен за натпреварите, благодарение на ГП „Гранит“, кои во тоа време работеле на патот Прилеп-Витолиште. Клубот се расформирал во 1983/84 година, а како главна причина е миграцијата на селаните во градот и пошироко.
blagojce gjorgjiovski April 17, 2017
A dali na slikata go ima SHPANACOT -ZIVKO SIKLOVSKI