1918: Самарџиска работилница во Прилеп...

Самарџиски еснаф

Самарџиски занает

Во минатото, во Прилеп со овој занает во главно се занимавале муслиманите и ја опфаќал изработката на самари, седла, узди, колани, ремени, амови, дисаѓи и др. Самарџискиот занает бил важен дел од општественото живеење. Самарите биле барани, а занаетот иако тежок, бил доходовен.

За правење на самари, мајсторите самарџии користат јасеново или буково дрво, јутено платно или аба, штавена јагнешка или овча кожа и слама.
Во зима се прави подготовка, а на лето спојување на самарите.
Со делкање на дрвото, тие го прават предниот дел (облак) и задниот дел (крст) од кобилицата на самарот, во која вметнуваат измазнети гредички.
Во таа дрвена рамка, самарџиите поставуваат јутени или кожени перници, наполнети со слама, како и по една цилиндрична јутена перница. Перниците ги поставуваат под предната и задната кобилица. Самарите се шијат рачно, со специјални игли.
Самарџиите не користат машини за шиење, ниту столарски алат за обработка на дрвото. За изработка на самарите користат рачно изработени алати, тесла и специјален нож за стругање на дрвените делови.

Денес овој занает е се уште во опаѓање, но не е потполно исчезнат.
Најмногу е застапен во руралните средини каде што крупниот добиток сеуште се користи за носење товар.

Коне Самарџиев, македонски просветен деец, книжар и печатар, бил од познато самарџиско семејство од Прилеп.

Нема Коментари

Коментирај