ФК „Корзо“

ФК „Корзо“

ФК „Корзо“ со името ги засмејува, па ги победува ривалите.

„Новиот фудбалски третолигаш, ФК „Корзо“, првпат настапи надвор од Прилеп. Гостуваше во Богданци, на поранешниот прволигаш Вардарски. Домаќините штом слушнале за ривалот се изнасмеале. Смешно им било името Корзо.

- Дојдени сте за корзирање, шетање? Каде го најдовте баш ова име – се чуделе богданчани.

ФК „Корзо“ е скратено име на прилепската населба Старо Корзо. Клубот е возобновен во летото 2007 година, а формиран е во 1972 година. За две години искачи две скалила. Беше првак во општинската Б-лига, лани во А-лигата, а низ квалификации влезе во третата лига – Југ. Екипата со смешно име воопшто не се шегуваше во Богданци, каде што славеше со 0-1.

- Одлично одигравме, борбено. Го изненадивме фаворитот. На теренот не бевме нималку смешен, туку сериозен противник – вели Панде Трајчески, претседател на ФК Корзо.

Тимот на Корзо е пример за ферплеј-екипа. Цела сезона доби само шест жолти картони. Гостите се дочекуваат и се испраќаат. Од клубот веднаш се отстрануваат недисциплинираните.

- Не е важно дали победуваме или губиме. Најважно е сé да биде мирно, без приговори – смета Коста Мирчески, тренерот.

Автор: З.И.

(Преземено од „Нова Македонија“, број 21778, среда 2.9.2009)

Нема Коментари

Коментирај