7 мај 1981: Иницијативниот одбор на ДПАТУ - Тутунски комбинат

Друштво на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања

ДПАТУ – ДРУШТВО НА ПРОНАОЃАЧИ И АВТОРИ НА ТЕХНИЧКИ УНАПРЕДУВАЊА ПРИ „ТУТУНСКИ КОМБИНАТ“ – ПРИЛЕП

На основачкото собрание одржано на 7 мај 1981 година по одлука на иницијативниот одбор е формирано Друштвото на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања при „Тутунски комбинат“ – Прилеп.

ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР:

1. Петар Иваноски, вработен во ООЗТ Фабрикација
2. Борис Костоски, вработен во РЗ Заеднички служби
3. Бранко Горгиоски, вработен во ООЗТ Фабрикација
4. Воислав Станкоски, вработен во ООЗТ Фабрикација
5. Митре Џајкоски, вработен во ООЗТ Фабрикација
6. Бранко Алексоски, вработен во ООЗТ Фолио
7. Даме Пеливаноски, вработен во ООЗТ Обработка
8. Божо Петкоски, вработен во ООЗТ Обработка
9. Благоја Младеноски, вработен во ООЗТ Обработка
10. Миле Грданоски, вработен во РЗ Заеднички служби

ЗАПИСНИК

Од основачкото собрание на Друштвото на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања при „Тутунски комбинат“ – Прилеп, одржано на ден 7 мај 1981 година.

Собранието отпочна со работа во 14 часот. На оснивачкото собрание се присутни членовите на иницијативниот одбор за формирање на друштвото, работници, инжињери, техничари, работоводни работници и други работници од Тутунски комбинат и ООЗТ во негов состав.
Присутни се и поканетите гости: секретарот на сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на СР Македонија Боро Китаноски, секретарот на одборот за иновации при сојузот на синдикатите на Македонија Велимир Иваноски, Претседателот на координациониот одбор за работа на друштва и други организации при Општинската конференција на ССРИМ Прилеп Кирил Наумоски и Претседателот на Конефернцијатана синдикалните организации на Тут-Ком Миле Јорданоски.
Собранието го отвори Благоја Илиоски член на иницијативниот одбор и истиот предложи следниот однапред најавен и јавно истакнат

ДНЕВЕН РЕД:

1. Избор на работно претседателство
2. Реферат на тема: (значението на иноваторство и неговото влијание врз продуктивноста и економичноста на производството).
3. Дискусија по рефератот и предложениот нацрт на статутот и програмата ва работа на друштвото.
4. Донесување одлука за оснивање на друштвото на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања при РО Тут-Ком – Прилеп.
5. Усвојување – донесување на статутот и програмата за работа на друштвото.
6. Избор на органи на друштвото.
По првата точка по предлог на Благоја Илиоски за работно претседателство се избрани: Благоја Илиоски, Боро Костоски и Петар Иваноски, за записничар е избран Петар Иваноски.
Со работата на собранието раководеше Благоја Илиоски кој пред да се помине на дневниот ред во името на иницијативниот одбор ги поздрави присутните гости и другите работници.

По втората точка од дневниот ред реферат на тема:
“Значението на иноваторството и неговото влијание врз продуктивноста и економичностана производството”, поднесе Боро Костоски дипл. машински инжињер раководител на технички развој при Тутунски комбинат – Прилеп кој во своето излагање посебно се задржа на потребата од поттикнувањет на развојот на иноваторството во работната организација, економските ефекти што ги има и што би требало да се очекуваат со организиран пристап и стимулативно наградување на иноваторите во работната организациja.
По рецератот се отвори дискусија во која зедоа учество:
Боро Китаноски, претседател – секретар на СПАТУ на Македонија, Велимир Иваноски секретар наодборот за иновации при ССМ, Кирил Наумоски, Миле Грданоски директор на секторот за развој при Комбинатот и Миле Јорданоски претседател на синдикалните организации.
Погоре посочените дискутанти во својата дискусија посебно ce осврнаа на значењето и задачите кои му престојат во работењето на друштво, а исто така дадоа и примедби на предложениот статут и програма за работа на друштвото кој претходно ги образложи Боро Костоски.
По четвртата точка од дневниот ред едногласно се донесе:

ОДЛУКА

За формирање на друштво на пронаоѓачи и автори на техничко унапредување при Тутунски комбинат – Прилеп.
Кон петтата точка од дневниот ред едногласно се донесе

ОДЛУКА

Се донесува – усвојува Статутот на друштвото на пронаоѓачи автори на техничко унапредување при Тутунски комбинат – Прилеп со примедбите дадени во дискусијата по нацртот, и се задолжува работното претседателство да изработи пречистен текст од Статутот.
Се усвојува – донесува програмата за работа на друштвото за 1981 година.
По шестата точка од дневниот ред напредлог на Петар Иваноски – претседател на комисијата на Централниот работнички совет на Тут-Ком за технички унапредувања и новации, а со претходна консултација на членовите на Иницијативниот одбор и комисиите за иновации при PO 003Т даде предлог за избор на претседателство од 5 члена и одбор за самоуправна општествена контрола од 3 члена на друштвото. Предлогот присутните едногласно го усвојија и се донесе

ОДЛУКА

1. Се избира како колегијален колективен орган на друштвото – собранието, претседателство во состав од 5 члена со мандат од 2 години, а за членовите се избираат: Котески Атанас, електроинжињер ООЗТ Фабрикација, Боро Костоски Дипл. маш. инжињер Р33С, Глигур Антоски Дипл. инж. агроном 003Т Кооперација, Даме Пеливаноски Дипл.инж. агроном 003Т Обработка, Димитар Милошески маш. техничар ООЗТ Фолио.

2. Се избира Одбор за Самоуправнаопштествена контрола на друштвото од 3 члена со мандат од 2 години и тоа: Благоја Илиоски Дипл. правник при РЗЗС, Дончо Касоски маш. техничар ООЗТ Фабрикација, Крстески Љупчо од ООЗТ Обработка.
3. По предлог на Боро Костоски едногласно за прв претседавач – претседател на претседателството на друштвото со мандат од една година се избира Котески Атанас член на претседателството,
4. Се задолжува претседателството на првата седница да избере секретар на претседателството, а исто така Одборот за самоуправна општествена контрола на прва седница да избере меѓу себе претседател.
5. Се донесува – усвојува програмата на друштвото за 1981 година.
6. Боро Котески се избира за делегат во СПАТУ – Прилеп.
Оснивачкото собрание со работа заврши во 16 часот.

Записничар                                                               Претседателство
Петар Иваноски                                                      Благоја Илиоски

 

Нема Коментари

Коментирај