Прилеп, 26 април 1939 година
До Редов ђак
Ћирило Спасевић
10 чета, 3 батаљон, 25 пешадијски пук
Петровград (Зрењанин)
Мили Кире
Вчера ја зедовме картата од 23 и се разбравме што ни пишуваш.
Није бес да ни кажиш, знајме се како је, само Госпо на здравјето да те крепи. Ти не секирувај се, се ће си биди на место.
Сношти имаше седница и за тебе решија се нај убо, и денеска Петре ја предаде (молбата) кај пријатело на Пера и веруваме ће се сврши работава за брго време, оти и на Пера ће му ја фатиме јасолно за да му прогори и тој.
Се нашол Борка со Бонета и зборувале за тебе. Тој му пишал на татка си и сега чекал одговор. Му пишал како можи да напрај да прај ко за сина си. Многу зборувал од срце за тебе, ко за брат. Ја, зато не скндисувајсе оти за брго време ће се среди се.
Разбравме дека некој од војниците се вратиле ко неспособни за привремено, зато и ти побарај си да те прегледа, оти си многу слап па и кажи им оти имаш слабо срце.
Ти пишав и некни една карта, можи до сега ја имаш земено веће. Алиштата и зедовме од поштата.
Нешто особено новини нема шо да ти пишам…
Едно само знам оти внедела ће има многу свадби. Гога везден иди и многу те поздравува. Салко прашува за тебе, дали има писмо, како је детето. На местото твоје се ће идел. И Борка везден иди прашува за тебе, многу му је мака оти не се случил на станица да те испрати. Тој си мислел оти поручекта дури ће сте тргале, а не сабајле, и зато не дошол на станица.
Ај ко ће се прати в Битола молбава, па ће ти пишам…
Срдечни поздрави од сите.
Боре
Коментирај