Дописна картичка, 28 ноември 1930 година (Предна страна)

Дописна картичка, 28 ноември 1930 година

Прилеп, 28 ноември 1930 година
Do
Gospodinu
Sotiru Spaseviču
Student farmacije
Skalčičeva 35/IV
Zagreb

Чок Селам (Многу поздрави)
Од Бибито Шишко
Здраво Ендек! Дојде 1 децембар, дојде време да ја драсните до Белград, а и наближува времето за врајћајне дома. Тро за спорто да си попрајме муабет. Првенствената со „Битољ“ је одложена за в пролет. „Битољ“ чекаше да бида казнети некој играчи од „Југославија“ (За непокорност на судијата, ко се десија инцидентите намерно импровизирани од „Битољ“, ко бевме јас и ти в Битола). И сега ко му и саопштија казните (За првенствени утакмици само!) на Ветаџока , Талата, Џимпиро и Кечето, му се јавиа „Битољ“ на подсавезо в Скопје оти се спремни! Арно ама подсавезо ги „дрнува“ битолчани и ја одложува утакмицата за в пролет ко че му истекни казната на играчите од „Југославија“.

Во неделата овде на 3 новембар играше овде „Спорт“ од Скопје и подлегна со 4:0. „Спарта“ претенденто на подсавезното првенство на 16то место подлегна со 3:0. На 30 новембар и на 1 децембар овдешната „Југославија“ гостува во Скопје и игра двата дена со првако „Југ“, а чак и другата сабота и недела игра во Скопје пак со „Југ“, Белградска „Југославија“. Резултатите ће ти ги јавам.

Уше една новост мачук!
Од пред неко време саобраћа 3-4 нови елегантни аутобуси, и така пато је невероватно евтин: До Битола 20 динари а до Градско 30 динари (За багаж не наплатува).
Моторите во електричната централа се инсталирани, по улици диреците се наместени, жиците и сијалиците во Варошко мало се готои, сегде се работи „пуном паром“.
Овије дни ће с’отвори првата електричарска радња.
Ко шо глеш градо ће ни биди осветлен до кај Нова година.
Корзото за десетина дена ће биди гото. Убо је нараено.

А за пругата прашаш?
„Брука жива“ Мачук! Уше нишчо живо не се знай. Чиновниците се дојдени, уште чека „наредба од г. Министра“
Кога ће си дојдиш ти?
„Здруживо“ ти праћа
Палиш – Далматинска 44

Нема Коментари

Коментирај