Црква „Свети Теодор Тирон“, село Дреновци
Црквата во чест на Свети Теодор Тирон е сместена е во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште.
Градбата на црквата е трикорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна, која што е украсена со осум слепи ниши.
Црквата е подигната во 1857 година и осветена на 7 септември истата година од Митрополитот Пелагониски Бенедикт, а живописана е во 1883 година. Автори на живописот се браќата Коста, Вангел и Никола Анастасовиќ од Крушево.
Според Јован Трифуноски, денешната црква е изградена врз остатоци на постара црква, која била помала и која селаните ја урнале во средината на ХIХ век, за да ја изградат денешнава црква.
Коментирај