20 април 1981: Иницијативен одбор за формирање на Центар за современа ликовна уметност

Центар за современа ликовна уметност – Прилеп

ЦЕНТАР ЗА СОВРЕМЕНА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ

На основачкото собрание одржано на 20 април 1981 година по одлука на управните одбори на Интернационалната сликарска колонија, Скулпторскиот симпозиум “Мермер” и Интернационалното студио за пластика во дрво е донесена одлука за обединување на ликовните манифестации и формирање на Центар за современа ликовна уметност во Прилеп

ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР:

1. Митревски Никола
2. Караџоски Орде
3. Конески Станко
4. Темелкоски Димитар
5. Гегоски Кирил
6. Наумоски Кирил
7. Костов Васил
8. Лашкоски Илија
9. Алексоски Благоја
10. Караџоски Драган

ОДЛУКА:

Член 1

Од постојните ликовни манифестации: Интернационалната сликарска колонија, Скулпторскиот симпозиум “Мермер” и Интернационалното студио за пластика во дрво се формира Центар за современа ликовна уметност кој ќе ја обедини нивната работа.

Член 2

Центарот за современа ликовна уметност е посебен облик на дејствување во областа на културата со својство на правно лице.
Член 3.
Основни цели на Центарот за современа ликовна уметност се: Развивање и унапредување на ликовното творештво преку организирање на ликовните манифестации, презентација и публикација на творбите создадени во манифестациите, естетско уредување на Прилеп и други градови во СРМ со современи ликовни творби.

Член 4

Финансирањето на Центарот за современа ликовна уметност ќе се врши преку дотација од СИЗ на културата на општина Прилеп, Републичката заедница на културата, Републичката комисија за културни врски со странство и други организации на здружен труд од градот и републиката преку Самоуправни спогодби.

Член 5

Сите постојни финансиски срества и инвентар како и постојниот фонд на слики и скулптури со кои располагаат Интернационалната сликарска колонија, Скулпторскиот симпозиум “Мермер” и Интернационалното студио за пластика во дрво се пренесуваат на управување и користење на Центарот за современа ликовна уметност

Член 6

Административно-техничките работи во врска со работата на Центарот за современа ликовна уметност и накнадата за нивното изврш- ување ќе се регулираат со Самоуправна спогодба помеѓу Центарот и работна организација на која ќе и бидат доверени.
Останатите работи во врска со нормалното работење на Центарот ќе се регулираат со Статутот на Центарот.

Член 7

Центарот за современа ликовна уметност ќе биде формиран на самоуправен делегатски принцип со највисок орган на управување Собрание.

Член8

За спроведување на постапката за конституирање на Центарот за современа ликовна уметност се задолжува лицето Никола Митревски и претседателите на Управните одбори на Интернационалната сликарска колонија, Скулпторскиот симпозиум “Мермер” и Интернационалното студио за пластика во дрво.

Член 9

Оваа одлука стапува во сила со денот на нејзиното донесување.

Нема Коментари

Коментирај