Благоја Христов Ангелоски – (Чесното, Генето) бил првоборец и комунист од Прилеп.
Во 1942 година бил уапсен од бугарската полиција и заедно со првоборците Сотка Георгиески-Бакаларов и Благоја Јосифов Николоски-Ивањушка, од битолскиот воен суд бил осуден на смрт со бесење.
Смртната пресудата со бесење над тројцата борци е извршена на 14 март 1944 година во битолскиот затвор „Црн Мост“.
Коментирај