Ангелина Шуплиноска Маркус е родена во Тополчани во 1932 година. Основно образование завршила во родното село, Гимназија во Прилеп, а Филозофски факултет во Скопје.
До 1990 година работела како професор во повеќе гимназии низ Македонија, кога и се пензионирала. Уште во студентските денови ја привлекол пишаниот збор и повремено објавувала написи и пишувала песни. Од 1990 година почнуваат нејзините истражувања за древните вредности на Македонија, со критички осврт врз целата користена литература.
Ангелина Шуплиноска Маркус е автор на следниве дела:
„Ксантика – древно македонско празнување“, 2010
„Кумството во црквата Св. Недела во с. Смилковци“, 2009
„Персеј“, 2009
„Алкомена, древен град во Пелагонија, тврдина на македонските кралеви“, 2008
„Аристотел Македонецот“, 2007
„Беше и си биле… Приказни за Македон и Македонците“, 2006
„Исхраната на древните Македонци“, 2006
„Филип II Македонецот“, 2005
„Македонска древна медицина“, 2005
„Македонските древни театри“, 2005
„Тополчани во срцето на Пелагонија“, 2005
„Македонија на Македонците“, 2004
„Македонски древни вредности II“, 2003
„Поеми за Македонските цареви“, 2003
„Македонски древни вредности“, 2001
„По трагите на славните Македонци“, 1998
Коментирај