Илија Кондов – Даскалот е најплоден и најпознат сликар-аматер од Прилеп. Роден е во 1886 година. Завршил егзархиска школа во Истанбул, а за време на Балканските војни бил учител во пиринскиот дел на Македонија, потоа во Прилепско, а на крајот во Србија. Бил резбар и глумец, сестрано образована личност, знаел неколку јазици и учествувал во општествениот и политичкиот живот во градот. Тој е еден од основачите на друштвото „Свети Климент Охридски“ во 1927 година.
Во 1928 година го напуштил Прилеп и се преселил во Скопје, каде што починал во 1961 година. Неговата куќа во Трајко-маало во Прилеп, преминала во раце што не знаеле да ги ценат и почитуваат ликовните дела во неа, а кои денес можеа да бидат споменик за ликовните почетоци во градот. Куќата ја урнале, а делата ги уништиле….
Коментирај