Прилепското езеро или езерото „Прилеп“ е вештачка акумулација, во долината на Ореовечка Река, на 5 км североисточно од Прилеп.
Изградена е во 1965 година како брана од комбиниран тип, т.е многулачна железно – бетонска брана. Висока е 30 метри со должина на круната од 420 метри. Котата на максималното ниво на водата се наоѓа на височина од 745 метри. Максималната должина на езерото изнесува 1,5 километри, најголемата широчина 0,55 километри, а зафаќа површина од 0,55 квадратни километри. Во акумулациониот базен максимално може да се акумулираат 6.000.000 кубни метри вода, од која 5.080.000 кубни метри претставува корисна зафатнина, а 920.000 кубни метри претставува мртов простор.
Изведувач на работите е градежното претпријатие „Пелагонија“ од Скопје.
Водата се користи за наводнување на околу 6.200 хектари обработливо земјиште во Прилепско Поле и за спортско – рекреативни цели.
Коментирај