Манастир во XIX век било село во Прилепската каза, Мариовска нахија на Османлиската империја.
Во „Етнографијата на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која е приложена статистиката на машкото население од 1873 година, „Манастериц“ е посочено како село со 38 домаќинства и 165 жители „Бугари“.
Според статистиката на Васил К‘нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, „Манастирецъ“ има 208 жители.
Во почетокот на ХХ век, населението во селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото Манастир имало 216 „Бугари“ егзархисти.
Според Георги Трајчев, Манастир имало 28 куќи со 208 жители „Бугари“.
Според пописот од 2002 година, селото броело само 4 жители, сите Македонци.
Коментирај