Црква „Вознесение Христово“, село Свето Митрани
Црквата „Вознесение Христово“ во Свето Митрани е еднокрабна градба, со полукружна апсида на источната страна, однадвор расчленета со пет слепи ниши. Изградена е во 1856 година, а живописана во текот на 19 век. Црквата е изградена врз темели на постара црква (најверојатно, Света Марена), а осветена е од Пелагонискиот митрополит Бенедикт во 1856 година.
Во црквата има комплетен фрескоживопис. Авторот на фрескоживописот е непознат, но забележително е дека на него има грчки сигнатури.
Коментирај