ПИ „Витаминка“ е изградена во 1956 година како фабрика за производство на црвен пипер, со инвестициони вложувања од околу 6.000.000 динари. Во почетокот на своето постоење, фабриката произведувала околу 172 тони црвен пипер годишно и остварувала бруто производ од преку 40.000.000 динари со вработени 63 работници.
Во првите 10 години од основањето, за реконструкција на фабриката биле вложени уште околу 100.000.000 динари, при што производството на црвен пипер било зголемено на 800 тони годишно или со бруто производ од 160.000.000 динари годишно и нови 27 вработувања.
Денес ПИ „Витаминка“ е целосно приватизирана компанија, со процес завршен во 1999 година. Доминантниот пакет на акции се наоѓа во помала група на вработени во компанијата. Процесот на концентрацијата на акциите продолжува.
По нивниот слоган „Свет на вкусови“, по производната програма со широка лепеза на вкусови (слатки, солени, кисели и лути), по програмите на производството на производи за предјадења, и за појадења, по додатоците за јадењата, по десертите, по производите за ужина, по производната програма за сите возрасти на населението, светот се повеќе ги препознава, со основна стратегија тоа и натаму се повеќе да се шири и потврдува, кај се поиширока група на потрошувачи низ светот.
ПИ „Витаминка“ нема групи на производи посебно наменети за домашниот, а посебно за странските пазари. На квалитетот на производството подеднакво се приоѓа, без разлика на тоа за каде е наменето.
Клучната стратегија на компанијата е во иднина се повеќе да излегува на светските пазари со целокупната своја производна програма, која стратегија од година во година се повеќе и повеќе дава високо позитивни резултати.
Коментирај