Патописот на Виктор Григорович од 1845 година
Виктор Иванович Григорович бил руски славист, роден во Балта на 30 август 1815 година, а починал во Елисаветград на 19 декември 1876 година. Студирал во Харков и Тарту. Во 1844 година отпатувал во Турција, од каде што испратил извештај за старословенските ракописи најдени по манастирите.
Долго патувал по Македонија. Бил во Света Гора, Солун, Битола, Прилеп, Охрид, Сер и по други места. Во Русија однесол важни старословенски ракописи, кои ги нашол низ Македонија и кои се чуваат во Румјанцевскиот музеј.
Од сите негови трудови, најмногу не интересира неговиот прочуен патопис „Записи од патешествието по европска Турција“, најпрво издаден во Казан во 1848 година, а потоа и во Москва во 1877 година. Меѓу другото, еве што е забележано за Прилеп:
„По разгледувањето на Прилеп, каде има една црква, и по разгледувањето на замокот на Крал Марко однадвор, се решив да се искачам на врвот на Трескавец. Не очекував таму да најдам нешто поучно, ниту спокојство, но без стража не се осмелив да го разгледам поблиску прочуениот замок, прославен во преданијата. За моето љубопитство подостапен изгледаше манастирот, сокриен во карпите на врвот на Трескавец…
Тука наидов на бесрамна негостоприемливост. Не сакаа дури ни да ми кажат каде се надгробните камења со натписите, аво однос на книгите се служеа дури и со итрина. Во нешто сепак успеав. ми покажаа три хрисовули од српски кралеви, забележувајќи со непростлива иронија, дека тие бескорисно долго време лежеле порано во ќошот во црквата, додека старецот монах не ги зел кај себе во ќелијата…“
Коментирај