Патописот на Валентин Чирол

Патописот на Валентин Чирол

Патописот на Валентин Чирол од 1880 година

Валентин Чирол бил англиски дипломат. Во 1880 година пропатувал низ Балканот, кога ги опишал земјишните односи, положбата на населението, дејствувањето на бугарската, грчката и романската пропаганда во Македонија, вооружените чети, а посебно се интересирал за положбата на Власите во Македонија.

Своите белешки ги објавил во делото „Twixt Greek and Turk or jotting during a journey through Thessaly, Macedonia and Epirus in the autumn of 1880 by Chirol Valentine“, Edinburgh and London, 1881. Овој патопис се чува во Конгресната библиотека во Вашингтон, со сигнатура DR 427.С54.

Еве, меѓу другото, што забележал Чирол за Прилеп:

„Меѓу различните начини што се применуваа за истерување на злите духови, најправославниот беше оној со простување на екскомуницираниот од страна на Црквата, а плаќањето на големи суми за една таква прошка беше безусловно и строго применувано од високите црковни достоинственици. Но, постоеше и друг понеформален начин, според кој, навистина мирот не стигнуваше во заразената душа, но беше можно барем стекнување имунитет во поглед на штетноста од неговите ноќни талкања.

Овој начин, со оглед дека беше поефтин, а од гледна точка на егоизам и подеднакво ефективен, уживаше прилично голема популарност. Во одредени семејства, кои беа потомци на врколаци и поседуваа моќ во оваа смисла, се прифаќаше понудата за мир, а како надомест, се добиваше слобода од наметот, предизвикан од нивните несреќни предци…“

Нема Коментари

Коментирај