Локалитетот „Кале - Зрзе“

Локалитетот „Кале – Зрзе“

Локалитетот „Кале – Зрзе“ претставува укрепен манастир и збег од XIV век.

Месноста „Кале, Свети Спас” се наоѓа 1,2 км северозападно од Зрзе на 1020 м надморска височина. Во доцноантичко време околу терасата било подигнато обѕидие од камен со малтер.

На источниот дел била изградена ранохристијанска црква, чии распарчени мермерни украси лежат и денес наоколу (VI. век). Повеќето монети најдени на тој простор потекнуваат од доцниот IV, V и VI век. Во доцното средновековие терасата била повторно населена.

Врз урнатините на старата базилика, во средината на XIV век била изградена нова црква (Свето Преображение или Свети Спас) и било обновено старото обѕидие. Северниот ѕид, граден со малтер, сочуван е наместа и денес во височина до 3 м. Заградениот простор, кој зафаќа 1,5 ха, покрај манастирските потреби служел и како збег (името Свети Спас го индицира тоа).

По смртта на крал Марко во 1395 година на манастирот му биле одземени бројните имоти и привилегии.

Нема Коментари

Коментирај