Љубодраг Маринковиќ – Пенкин е роден во Прилеп во 1923 година.
Дипломирал во 1951 година на Академијата за применета уметност во Белград – отсек за применето сликарство. Специјализирал ѕидно сликарство во Париз. Од 1949 година живее во Белград и бил член на Друштвото на ликовните уметници на Србија. Бил член и на Друштвото на ликовните уметници на Луксембург. Учествувал на голем број групни и самостојни изложби низ целиот свет.
Добитник е на многу награди и признанија.
Коментирај