Коце Ковилов или Кавалов е македонски револуционер, прилепски деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Роден е во 1878 година во Прилеп. Како младо момче се приклучил на ВМОРО. Во 1901 година властите го уапсиле и го осудиле на три години затвор. За време на Хуриетот бил градски војвода во Прилеп.
По падот на Југославија, во април 1941 година, участвувал во формирањето на Бугарскиот акционен комитет во Прилеп.
Коментирај