„Етнографиja на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“ (на француски: „Ethnographie des Vilayets d’Andrinople, de Monastir et de Salonique“) e книга отпечатена на француски јазик во 1878 година во Цариград, под редакција на тамошниот весник „Курие д’Ориан“. Книгата претставува статистика на населението на трите вилаети, според регистарот на данокот бедел-и-аскерие од 1873 година.
Книгата се појавила како реакција на трудот на А. Синве „Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“ (Грците во Османлиската империја. Статистичко и етнографско проучување),во која има големи неточности и фалсификати, кои имаат за цел да го зголемат бројот на Грците во империјата.
Во книгата за прв пат се дадени детални сведоштва за населението во трите вилаети според населените места и според етничката припадност.
Во книгата има детални податоци и за Прилепската каза, која во тоа време била во Битолскиот вилает.
Коментирај