Димко Здраве

Димко Здраве

Димко Здраве – потпретседател на ПО на КПЈ во 1919 година и делегат на Вуковарскиот конгрес.

Со полетот на светското комунистичко движење, а паралелно со создавањето на Комунистичката партија во Југославија во 1919 година, на 12 октомври истата година, од стари посведочени социјалисти и национални револуционери, во Прилеп била формирана Месна организација на Социјалистичката работна партија на Југославија (комунисти), со раководство што го сочинувале:

Претседател: Лазар Манчески – учител;
Потпретседател: Димко Здраве – фурнаџија;
Секретар: Крсто Чичев – студент.

На денот на формирањето на Месната организација на Социјалистичката работна партија на Југославија – Прилеп, веднаш пристапиле 63 членови, а до крајот на годината нивниот број веќе бил над 200.

Нема Коментари

Коментирај