2021: Црквата „Света Марина“ во Боротино (фото. Кирил Симеоновски)

Црква „Света Марина“, село Боротино

Црква „Света Марина“, село Боротино

Црквата „Света Марина“ во Боротино е еднокорабна градба, со висок свод и тристрана апсида однадвор. Изградена е во 1862 година и осветена од Пелагонискиот митрополит Бенедикт. Црквата има комплетен фрескоживопис, кој е направен во 1862 година од зографот Станко од Крушево.

Црквата „Света Марина“ во Боротино претставува осамен наод од римското време. Во припратата на селската црква се чува мермерна статуа без глава и дел од градите.

Нема Коментари

Коментирај