Печатот на ВМОРО.

Андон Раев

Андон Раев е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Андон Раев е роден во 1869 година во Прилеп. Завршил прогимназија во Прилеп и се занимавал со трговија на железарија. Се присоединил кон ВМОРО и во периодот од 1905-1907 година бил благајник на Прилепскиот околиски револуционерен комитет. За време на обезоружителната акција на младотурците од 1910 година, бил заробен и затворен во Битолскиот затвор.

Есента во 1918 година се преселил во Софија, каде што и поичинал на 4 март 1928 година.

Нема Коментари

Коментирај