Александар Хаџипанов (Алексо Панов) е роден во 1875 година во Прилеп.
Во 1894 година, уште како ученик во Машката гимназија во Солун, се приклучил кон ВМОРО. По завршувањето на образованието, учителствувал во Прилеп, и заедно со Даме Груев, Јордан Гавазов и Јордан Попконстантинов, учествувал во создавањето на Револуционерниот комитет на ВМОРО во Прилеп. Со Даме Груев учествувал во основањето на револуционерните комитети во Битолскиот револуционерен округ и учествувал на Ресенскиот конгрес.
Бил претседател на Прилепскиот комитет до 1895 година, кога се запишал на електроинженерство во Париз. Таму се разболел и набрзо се вратил во Солун, каде што умрел на 19 октомври 1900 година.
Коментирај