Димитар Кондоски

Димитар Кондоски

Димитар Кондоски е роден во 1927 година во Прилеп.

Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите „Денес“ и „Мугри“. Се занимавал со сликарство, илустрација, сценографија, графика и пишувал критика. Бил професор на Педагошката академија во Скопје.

Самостојно излагал од 1957 година во Скопје, Загреб, Рим, Тетово, Прибој на Лим, Њујорк итн. Излагал на многу групни изложби во земјата и во странство, меѓу кои во: Белград, Александрија, Сан Марино, Сао Паоло, Рим, Шел, Париз, Кан, Сир-Мер и итн.

Димитар Кондоски последниве години најдоследно го оствари во своите дела стремежот кон синтезата на внимателно одбрани секвенци од духовно-естетскиот и пластичен репертоар на средновековната уметност и оние облици на нонфигуративна и асоцијативна уметност, што на тоа традиционалистичко ткиво можеа да му овозможат современа ликовна кохезија. За Кондонски ова сликарство, изведено како сложени асамблажи композитни, деликатни колористични и формални структури, е сублимен степен на долготрајна денатурализација на разновидни визуелни податоци и естетско „филтрирање“ на ликовниот јазик, со цел уметничкото дело да стане автономен естетски феномен. Тоа се состави што потсетуваат на култни, сакрални објекти: низ нив постојано се провлекува едно современо чувство на уметникот, неговата внатрешна потреба, духовниот ритуал и естетиката на овие дела да се вклопи во актуелното ликовно движење, во медитативно и скептично сфаќање на светот.

Автор е на монументален сликарски објект во Железарницата во Скопје 1967 година. Награден е на 8-то Медитеранско Биенале 1963 година, 3-тото Триенале во Белград, со Октомвриска награда за сликарство во 1964 година и др. Од 1992 година бил дописен член на МАНУ.

Димитар Кондовски почина во 1993 година.

Нема Коментари

Коментирај