Василка Зојчева

Василка Зојчева

Василка Зојчева е родена 1905 година во Прилеп.

Таа била ќерка на Данаил и Љуба Зојчеви од Прилеп. Нејзиниот татко Данаил бил член на Прилепскиот комитет на ВМОРО до Хуриетот, но и потоа работел за револуционерната организација.
Пред започнувањето на Првата балканска војна Василка со родителите се преселуваат во Скопје а во 1913 година по завршувањето на Втората балканска војна се преселуваат во Софија.

Името на Василка Зојчева е поврзано со посетата на српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ на Скопје и е грубо искористено од Бугарската пропагандна машинерија, со што не се исклучува веројатноста дека целиот настан е измислен.

Наводно на 14 октомври 1912 година, во Скопје, при свечениот пречек на српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ, на Камениот мост, покрај другите деца, со цвеќе во рака била и Васка Зојчева. Тогаш принцот Александар и пристапил и ја прашал: „Што си ти?“, при што Васка му одговорила: „Бугарка“.

Револтиран од тоа што девојчето му одговорило дека е Бугарка, а не Србинка, принцот Александар и удрил шлаканица пред насобраниот народ и пред нејзините родители.
Овој настан наишол на силна реакција во Бугарија, што дури и бугарскиот поет Иван Вазов во 1913 година напишал стихотворба посветена за овој настан, со наслов „Па шта си ти?“.
Исто така Василка Зојчева се спомнува и во книгата „Српските жестокости во Македонија (1912 – 1913)“ на Кирил Прличев, а нејзина слика има и во алманахот „Македонија“, секција „Маченици“ (1931).

Иван Вазов – „Па шта си ти?“

„Па шта си ти?“ – такъв въпрос задава
във твоя дом безочлив чужденец.
„Па шта си ти?“ – с такваз псувня смущава
душата ти некакен пришълец;

„Па шта си ти?“ – туй питане навред -
при Дрин, при Шар, при Вардар, Преспа драга
о, българино, сърбин ти полага
и чака с начумерен лик ответ.

Но ти пази се, прав ответ не давай.
Кажи се португалец кюрд, сириец,
лапонец, негър, циганин, индиец -
но българин се само не признавай.

Че тоз грях смъртен прошка там не знай:
влече позор, побой затвор, изгнанье -
невидени при прежните тирани.
Скрий, че си българин в най-българския край;

че си потомък Самуилов, на Атонский
Паисий внук; скрий на коя си майка син,
на кой язик пей мътний Вардар, синий Дрин,
и езерата и горите македонски!

Не споменувай Лозеград,
Люлебургас, ни Булаир ужасни:
ти би разбудил подозрения опасни,
че на героите техни може да си брат.

Мълчи! А вместо тебе всеки дол, пътека,
дъбрава, езеро, река, рид, планина
ще викат с глас през всички времена:
“Тук българи са, българи от памтивека!”

Април, 1913 година

Песна за Васка Зојчева – Бугарска народна песна

„Па шта си ти?“ – кралот српски попитал
едно малој моме, едно лично скопјанче.

Еј ти, кралу, јас сум си баш б`лгарка
од град б`лгарски, од земја б`лгарска.

За тие думи кралот удрил момето
пред мајка и татко, пред сите скопјани.

Еј ти, кралу, слушај, слушај, запомни,
цел народ те виде, скоро ќе ти одмазди.

Еј ти, кралу, бегај – бегај далеку,
тука не е Српско, тук е земја б`лгарска.

Нема Коментари

Коментирај