Црква „Света Богородица“ во село Костинци.

Црква „Света Богородица“, село Костинци

Црква „Света Богородица“, село Костинци

Црквата „Света Богородица“ во село Костинци е подигната како гробјанска црква. Денешниот изглед се должи на неколку фази на изградба. Во првата фаза од 1624/25 година, подигната е како мала еднокорабна црква, со полукружен свод и тристрана апсида на источната цтрана. По извесен период, во XVII век од западната страна црквата е проширена, со што добила припрата и трем. Црквата е живописана во сите нејзини делови. Во наосот се наоѓаат два слоја на живопис од XVII и XIX век, додека во припратата се среќава живопис од XVII, XVIII и XIX век.

Во 1995 година изработен е проект за конзервација на архитектурата и живописот, а во периодот од 1997-2000 година проектот е реализиран, при што е извршена целосна конзервација на црквата.

Нема Коментари

Коментирај