1917: Војници на Централните сили сликани во Алинци...

Алинци

Алинци се наоѓа во јужниот дел на територијата на Прилепско Поле. Селото лежи на надморска височина од 670 метри. Од Прилеп е оддалечено 11 км. Атарот зафаќа простор од 11,7 км2. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Алинци во XIX век било село во Прилепска каза на Османлиската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) от 1900 година, Алинци имало 102 жители, сите „Бугари“ христијани.

Во почетокот на ХХ век, населението во селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година, во Големо Алинци имало 120 „Бугари“ егзархисти и работело „бугарско училиште“.

Во времето на Балканските војни во 1912 година, еден Алинчанец бил доброволец во Македонско-одринското ополчение.

На 24 октомври (6 ноември) 1912 година, по окупацијата на Прилеп од Србите, во реонот на селото Турскиот V корпус (од Вардарската армија) дал отпор на српската 1-ва армија, но бил разбиен и притиснат кон Битола.

Според пописните статистики, во 1961 година селото имало 449 жители, во 1994 – 281, а според пописот од 2002 година, во Алинци живееле 238 жители, сите Македонци.

Во Алинци се родени: Миле Јованоски, активист на ВМРО-Вардар; и Никола Крстев (1883-?), Македонско-одрински ополченец во втората чета на Деветтата велешка дружина.

Во атарот на Алинци, во локалитетот Бостаниште има римска некропола, а во локалитетот Црквиште, исто така, наоѓалиште од римско време.

Нема Коментари

Коментирај