Илија Стефанов Минов е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Минов е роден во Прилеп. Работел како книжар. Во 1907 година станал член на Прилепскиот околиски комитет на ВМОРО. Истата година бил уапсен и три месеци лежел в затвор. За време на обезоружителната акција во септември 1910 година, повторно бил уапсен и измачуван. По излегувањето од затворот заминал во САД. Во Македонија се враил за време на избувнувањето на Балканската војна во 1912 година и бил доброволец во Македонско-одринската доброволна чета. Служел во 1 чета на 10 прилепска дружина.
Илија Минов загинал на 7 ноември 1912 година во борба со турската војска на патот Крџали–Ѓумјурџина, во месноста Балкан Тореси, Крџалиско.
Неговиот татко Стефан Минев, како и браќата Ѓорѓи, Александар и Димко Миневи, емигрирале во САД и биле активни членови при МПО „Прилеп“ во Стилтон.
Коментирај