Објава на Битолската изборна комисија, во која се соопштува  дека Анастас Христов е номиниран за делегат од градот.

Анастас Христов

Анастас Христов (Атанас) Христов Хаџиангелов е македонски правник, општественик и просветен деец од Македонија.

Роден е во 1876 година во Прилеп, во родољубиво семејство. Неговиот дедо Ангел Хаџиилиев бил истакнат македонски општественик и хуманитарец, а прадедо му хаџи Илија, во 50-тите и 60-тите години од ХIХ век, бил учесник во борбите за македонска црковна независност и во уредувањето на просветното дело, како и еден од создавачите на македонското класно училиште во Прилеп. Анастас Христов завршил правни науки во Лозана во 1899 година. Според некои сведовштва, учителствувал во Битолската машка класична гимназија во периодот од 1896 до 1897 година. Потоа бил секретар на Солунската општина во 1901/02 година. Во 1902/03 година бил директор на македонските училишта во родниот град Прилеп.

По Младотурската револуција во 1908 година работел како адвокат во Солун. Бил член на Сојузот на бугарските конститутивни клубови. Во 1909 година на Вториот конгрес на Сојузот бил избран за претседател на Бирото на конгресот и за член на Централното биро на организацијата. Бил кандидат од Битол­ско во изборите за Отоманскиот парламент во 1908 и во 1912 година.

Бил соработник на „Спи­санието на Правната заедница во Софија“ (1905) и автор е на рефератот „Аг­рарното прашање во Маке­до­нија и Одрин­ско“, издаден во одделна брошура (Солун, 1909).

Починал по тешко боледување на 36 годишна возраст, на 6 март 1913 година во Цариград.

Нема Коментари

Коментирај