Прослава на Водици во Големо Коњари

Големо Коњари

Големо Коњари се наоѓа во средишнио дел на Прилепското поле, во западниот дел на Општина Прилеп, од десна страна на патот Прилеп – Кривогаштани – Крушево. Селото е рамничарско и лежи на 607 метри надморска височина. Од Прилеп е одалечено 9 км, а во неговата близина е блатото кое е собиралиште на многу видови птици. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Варош на исток, Мало Коњари на југ, Врбјани на запад и Славеј, Заполжани и Мажучиште на север. Покрај селото поминува регионалниот пат R516 Прилеп-Крушево-Сладуево.

Во XIX век Големо Коњари било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Големо Конаре (Golémo-Konaré) е посочено како село со 74 домаќинства со 67 жители муслимани и 258 христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Койнари Голѣмо имало 590 жители, од кои 550 христијани и 40 Турци.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Големо Коњари имало 400 егзархисти.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, 4 жители на Големо Коњари биле доброволци во Македонско-одринската доброволна чета.

Според пописот од 2002 година, селото има 699 жители, сите Македонци.

Нема Коментари

Коментирај