Црквата „Свети Кирил и Методиј“ - Параклис.

Црква „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис

Црква „Свети Кирил и Методиј“ – Прилеп

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ градена е во периодот од 1926-1936 година, во непосредна близина на стариот Параклис, кој бил изграден во 1884 година. Градбата е започната по иницијатива на свештеникот Алекса Кочовиќ, кој бил тогашен претседател на српската црковно-училишна општина. Голем дел од Прилепчаните, незадоволни од патријаршиската и егзархиската политика во градот, се приклониле кон српската пропаганда, со цел да го отфрлат било кој угнетувачки јарем, зашто Србите им ветиле дека во новата црква ќе можат да служат на својот мајчин јазик. Понесени од таа идеја, дел од граѓаните кои го населувале Варошко маало, отвориле Параклис во кој започнал редовен богослужбен живот. Подоцна, на оваа група прилепчани им се приклучил и поп Спасе Игуменов, кој формирал и црковна делегација, која лично преговарала со Цариградскиот патријарх и аАпостолскиот нунциј во Цариград, за решавањето на црковниот спор во Македонија.

Со доаѓањето на српската власт во Македонија, епископот Битолски Јосиф (Цвијовиќ) во 1924 година ги осветил темелите за градба на новата црква, посветена на „Свети Кирил и Методиј“, а во 1936 година црквата ја осветил тогашниот епископ Охридско-битолски Николај (Велимировиќ).

Момир Коруновиќ (1883-1969) е српски архитект, според чиј проект е изградена црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Прилеп.

Црквата е градена на триконхална основа во форма на крст но без купола со што добил базиликален изглед.
Припратот и олтарскиот простор од наосот е одделен со столбови. Во криптата е сместена костурница во која се сместени остатоците на околу 6000 српски војници кои загинале на овие простори во Првата светска војна.

Коруновиќ во стилскиот изглед на фасадата применил Српски (Моравски) стил и на својот личен тн. Национално – романтичарски стил со полукружен тимпанон над западниот влез во рустичен стил“

Храмот има скромен иконостас, кој не е споменик на културата. Во 2006 година довршена е градбата на куполата на црквата, која своевремно, кога била градбата на храмот, заради немање на финансии не била доизградена.

Нема Коментари

Коментирај