Гордана Попоска – Бојка (02.06.1924, Прилеп – 22.03.1976, Охрид)
Гордана Попоска – Бојка била активен учесник во народноослободителното движење на Прилеп уште од почетокот на 1941 година, заедно со Драгица Трајкова и Стефка Угриноска, и двете носителки на Партизанска споменица.
Од 1942 година раководела со скоевски актив, во кој биле опфатени Тоце Цекоска, Блага од касапот, Нада Дебранка, Паце Шабаноска и Блага Ружето. Ваквата нејзина активност била откриена од бугарската полиција, преминала во илегала, па во партизани, каде што за покажаната храброст била пофалена пред Првиот баталјон на Петтата Бригада.
Во нејзино отсуство, заедно со Методија Георгиев Попов, Кирил Пунтев, Вера Оровчанец, Љуба Јорданова Илиева, таа била осудена на 15 години строг затвор. По војната, како воен службеник била префрлена на работа во Охрид, како шеф на метеоролошката служба при Хидро-метеоролошкиот завод. Во Охрид засновала семејство со тукашниот првоборец Благој Жура и останала активно да учествува во општествено-политичкиот живот, се до нејзината прерана смрт.
Носител е на повеќе ордени и медали за храброст и заслуги на народ.
Коментирај