Блаше Спиркоски - Воденски

Блаже Спиркоски

Блаже Спиркоски – Воденски, Берберот е роден во 1922 година во селото Крстец. Потекнува од семејството Пиргановци, кое било едно од побогатите семејства во селото.
Во 1928 година со семејството се преселиле во Прилеп и купиле куќа во Тризла маало.
Иако се запишал во прилепската Гимназија, Блаже набргу се откажал од учењето и почнал да го изучува берберскиот занает.
Како младо момче се вклучил во синдикалното движење, во културното друштво „Абрашевиќ“ и во „Трезвената ложа“.
Во 1940 година станал член на КП.
Заради илегални активности, двапати бил апсен и казнуван по 15 дена затвор.
Во првите денови на капитулацијата на кралството Југославија раководи со група составена од Милан Димоски, Драган Спиркоски и Душан Ристески која прибирала оружје од магацините на Прилепската касарна.
За време на окупацијата неговата семејна куќа во Тризла била врталиште на прогресивната младина во градот а била корестена и за прибирање на материјално – технички средства кои преку разни канали му биле испраќани на Народно ослободителното движење.
Блаже бил во составот на ударната група, која на 11 октомври ги испалила првите истрели врз полицискиот участок.
Во зимата 1941 година за време на зимувањето на одредот активно работи за формирање на нови воени комитети по селата и регрутирање на нови борци.
Во февруари 1942 година по одлуга на МК и МВШ Драган Дамевски организира испраќање на Сотир Георгиески на партиска работа во Ропотово и околината, а на Блаже Спиркоски во Зрновци.
Блаже во Зрновци илегално престојувал во куќата на Трајко Стојкоски до мај 1942 година од каде што заминува во редовите на партизанскиот одред „Димитар Влахов“.
Во 6 септември 1942 година, при борбите со бугарската војска и полиција кај Смиловци, Блаже е ранет а неговата чета била разбиена.
Киро Бајрамче илегално го пренесува ранетиот Блаже во Прилеп во куќата на Крстечаните на улица „Цар Крум“ во близина на Орта Џамија.
Утрото на 8 септември 1942 година куќата во која се наоѓале Блаже Спиркоски, Киро Бајрамоски – Црне и Блага Рампова била опколена од бугарската полиција. Опколените успеале да се повлечат во соседната куќа но набрзо Бугарската полиција ја пали куќата при што ранетиот Блаже е убиен а ранетите Киро и Блага се пренесени во полициското комесарство од каде што подоцна се пренесени во битолската болница каде што им е извршена успешна операција.
Во битолската болница за да не биде сослушуван од бугарската полиција Киро Бајрамче намерно си ја растргнал раната и починал.

Извештај на бугарскиот полицаец Јордан Димитров:

„… По еден миг од визбата на соседната куќа која беше тукуречи разрушена излезе една девојка која држеше пиштол во раката.
Јас се сепнав и сакав да се скријам но таа тргна по мене и јас излегов на патот а таа влезе во турската куќа. Девојката беше сама во куќата бидејќи Турците за време на престрелката ја беше напуштиле куќата.
Началникот и рече на сопственичката – каданата да влезе во куќата и да и рече на девојката да излезе и да се предаде но надрзо каданата излезе и кажа дека девојката и рекла:
- Бегај, јас ќе ги отепам и нема да се предадам…
Набрзо девојката почна да стрела однатре.
Ние полицајците почнавме да стреламе и да фрламе бомби кон куќата, но девојката пак не се предаде.
По 15 минути влеговме во куќата и ја извадивме девојката полумртва и ја испративме во полициското командантство…
Потоа разбрав дека девојката била постојано со двајцата комити а жителите на куќата во која лежеше ранетиот Благој рекоа дека таа девојка цело време била со него во куќата, му носела храна и го преврзувала… Разбрав дека пиштолот со кој стрелаше бил на еден наш колега полицаец кој пред неколку дена беше убиен од колегите…“

Нема Коментари

Коментирај