1918: Печење на леб во Мариово

Фурнаџиски еснаф

Фурнаџиски еснаф

Прилепските фурнаџии (пекари) во минатото биле организирани во Фурнаџиски или екмеџиски (екмек-леб тур.) еснаф. Фурнаџискиот еснаф било здружение на пекарските мајстори и постојано се грижело да го заштити угледот и интересите на својот занает.

Тогаш мал број на луѓе се занимавале со овој занает и истите биле ценети меѓу населинието. За некој да да се стекне со титулата пекарски мајстор, прво требало да работи како чирак (најчесто без пари) кај некој газда, а потоа за да стане калфа го изучувал пекарскиот занает за што добивал Калфенско писмо – потврда за изучен занает и положен испит за калфа.
Кога газдата ќе проценел дека чиракот го научил занаетот, ќе повикал стручна комисија која на основа на знаењето и вештините на калфата му доделувала Мајсторско писмо – потврда за изучен занает и положен испит за мајстор.
На основа од тој документ се докажувало дека некој станал мајстор на својот занает, односно пекар.

Од калфите, само блиските роднини на мајсторот имале привилегија да станат мајстори на својот занает и да го продолжат занаетот самостојно, додека обично посиромашните калфи останувале калфи до крајот на својот работен век, односно работеле како наемни работници во пекарите.

Прилепските фурнаџии, покрај тоа што изработувале готови производи за пазарот, вршеле и услуги од типот печење леб, месо и друго, што ги подготвувале самите домаќинства. Потрошувачката на симит, погача и други печива и денес е голема низ Прилеп и прилепската чаршија.

Нема Коментари

Коментирај