Систем на жртвеници во локалитетот „Врбјанска Чука“.

Локалитетот „Врбјанска Чука“

Локалитетот „Врбјанска Чука“ се наоѓа кај селото Славеј и бил истражуван во периодот од 1979-1989 година.

Овој локалитет припаѓа на регионалната среднонеолитска културна група „Велушина-Породин“, таканаречена според двете населби во близина на истоимените села во Битолско.

За повеќето населби од оваа група, карактеристично е тоа што биле подигнати на вештачки возвишенија – тумби. Куќите биле надземни и градени во вообичаената техника на куќен лепеж. Во внатрешноста на една поголема градба во локалитетот „Врбјанска Чука“ откриен е уникатен објект – „олтар“, кој се состои од еден поголем четвртаст простор (2х2 метри) и четири помали странични реципиенти.

Нема Коментари

Коментирај