Живко Козар

Живко Козар

Живко Козар по потекло е прилепчанец, а роден е во Скопје во 1931 година. Во Скопје завршил Архитектонски факултет, а бил и на студиски патувања низ повеќе европски земји.

Долги години живеел во Прилеп и како архитект бил вработен во Заводот за урбанизам во Прилеп, на функцијата директор. По пензионирањето се преселил да живее во Битола.

Со карикатура почнал да се занимава уште во гимназиските клупи, мотивиран од светските настани, за што во една прилика изјавил: „Светот го гледам како карикатура – полн со парадокси“. Првата карикатура ја објавил во Нова Македонија во 1956 година, на тема „Суецката криза“. Оттогаш објавил илјадници политички карикатури, низ кои ги карикирал светските државници и политичари, креатори на политичките настани во светот.

Живко Козар никогаш не пројавил посебен интерес за презентирање на своите дела на изложби. За прв пат неговите карикатури се претставени во 1978 година на Светската галерија на карикатури во Скопје. Во 1987 година ја отворил својата прва самостојна изложба на политичка карикатура во Клубот на новинарите во Скопје.

Живко Козар е добитник на повеќе награди и признанија.

Нема Коментари

Коментирај