Археолошки наоди од неолитската населба „Радин Дол“.

Неолитска населба „Радин Дол“

Неолитска населба „Радин Дол“

Овој локалитет се наоѓа во близината на Пештерица, северно од Прилеп, на околу 7 км, и спаѓа во типот отворени населби со тенок културен слој. Населбата била поставена на блага коса „градина“, над утоката на Присадска во Ореовечка Река, од спротивната страна на неолитската Пештерица, над каптажата од римскиот и денешниот извор со вода за пиење.

Оваа населба е откриена сосема случајно во 1976 година, кога биле извршени и пробните археолошки испитувања.

На територијата на Македонија, според положбата на населбата, Радин Дол засега е единствен што потекнува од неолитскиот период, во што, покрај другото, се состои и неговата посебна вредност.

Преземено од: Macedoniae Acta Archaeologica, број 7-8, 1981/82.

Нема Коментари

Коментирај