Отец Дамјан Пеливаноски

Отец Дамјан Пеливаноски

Отец Дамјан Пеливаноски е роден прилепчанец. Роден е во 1878, а за свештеник е ракоположен во 1909 година од патријаршискиот Пелагониски митрополит Василиј во црквата „Свети Димитриј“ во Битола. Веднаш бил поставен за парохиски свештеник и старешина при црквата „Свето Благовештение“.

За својата ревност во извршувањето на пастирската должност е одликуван со право на носење на црвен појас. За време на неговото старешинство е изградена административната зграда („старата митрополија“) при црквата, која и до ден-денес е во употреба, како помошен објект на црквата. Заради здравствени причини, во 1925 година бил сменет од старешинската должност, а во 1928 година бил предвремено пензиониран.

Починал на 27 октомври 1929 година од рак во стомакот.

Нема Коментари

Коментирај