Патописот на Антон Фридрих Бушинг од 1762 година

Патописот на Антон Фридрих Бушинг

Патописот на Антон Фридрих Бушинг од 1762 година

За овој патопис има многу малку податоци. Патописот е пишуван во вид на научен труд од областа на географијата и заради запознавање на земјите и народите во светот.

Автор на патописот е Антон Фридрих Бушинг, кој бил доктор по географски науки. Откако ги средил своите патописни белешки, ги објавил под наслов: „Noue Erdbeschreibung I“, Theil V, Hamburg, 1764. Оригиналниот ракопис за прв пат се појави во јавност со дигитализација на светски познатите библиотеки. Францускиот превод на овој патопис се чува во Конгресната библиотека во Вашингтон.

Еве го кусиот опис на градот Прилеп:

„Пирлипе, гратче во подножјето на планините со исто име, кои светат како сребро и во кои, освен талк, можеме да најдеме добри метали и кристали“.

Нема Коментари

Коментирај