Димитар Јосифов...

Димитар Јосифов

Димитар Јосифов (1855, Прилеп – 1931, Софија), стенограф и просветен работник.

Димитар рано останал без родители и на 10-годишна возраст бил испратен да учи во пансион за сираци во Белград а потоа школувањето го продолжил во Болград во Бесарабија.

По завршувањето на училиштето станал учител. Започнал да се занимава со стенографија, при што учествувал во создавањето на бугарската стенографија и учебникот по руска стенографија. Познавањето на германскиот јазик придонесло да одржува врски со познатата германска издавачка куќа „Teubner“, која се занимавала со стенографија. Ги стенографирал состаноците на Високиот академски совет, а во Санкт Петербург престојувал како дописник-стенограф.

Се вработил во Вишото училиште, но поради немање високо образование, принуден бил да ја напушти функцијата во учебната 1904/05 година. По ова се вработил како наставник по стенографија во средните училишта, институции и специјализирани курсеви, а бил и дописник на некои весници.

Привлечен од идеите на панславизмот во 1880 година, станал еден од основачите на друштвото „Славјанска беседа“.

Нема Коментари

Коментирај