Цветанка Сенокозлиева

Цветанка Сенокозлиева

Цветанка Сенокозлиева е родена 1875 година вo Прилеп.

Учела вo Софија, каде што завршила Женска гимназија. По завршувањето на Гимназијата се вратила во Прилеп и започнала да работи како учител. Во 1898 година била управник на предшколските класови, во состав на Централното училиште.

Од 1900 до 1902 година била директорка на различни женски училишта во Прилеп. Во 1906 година, поради нејзината активност во ВМОРО, била затворена во Прилепскиот затвор, каде што заради влошеното здравје набрзо умрела.

Нема Коментари

Коментирај