Сателитска снимка на село Зрзе

Зрзе

Зрзе е село во општина Долнени, расположено во Прилепско поле на 30 километри северозападно од Прилеп на југоисточното подножје на Даутица.

Во XIV век селото Зрзе се споменува како Мали Мисир, а подоцна и како Зорба. Во XIX век Зрзе било село вo Прилепскатa каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Зрзе (Zarzé) е посочено како село со 80 домаќинства и 340 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Зрзе има 400 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век, населението на селото било под управа на Српската патријаршија и било заведено како „србоманско“ село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во „Зързе“ имало 400 патријаршисти србомани и работело „српско“ училиште.

Пописни податоци:
1953 година – 753 жители
1961 година – 702 жители
1971 година – 503 жители
1981 година – 260 жители
1991 година – 102 жители
1994 година – 97 жители
2002 година – 64 жители

Во Зрзе е роден војводата на ВМРО Стефан Костадинов Шиндилов, кој на 8 април 1907 година, во месноста Пештерите крај Тројаци, во борба со турскиот аскер загинал заедно со целата чета.

Нема Коментари

Коментирај