ЗИК „Прилеп“ израсна од дваесетина ситни и нископродуктивни земјоделски задруги и три земјоделски стопанства во 1970 година. Комбинатот само за 10 години од својот раст, израсна во главен носител на селско-стопанскиот развој на прилепскиот регион.
Од 1100 кгр. жито по хектар, пред здружувањето, денес овој Комбинат забележува принос од 3000 кгр. жито по хектар, што е резултат на новите агротехнички средства и примената на најсовремената механизација во производството. Во Комбинатот, по пат на модерно организирано производство, работат и неколку преработувачки капацитети, плантажни овоштарници и лозја, млекарница, живинарска фарма, кланица и оранжерии за разни градинарски култури.
Основна дејност на Комбинатот е земјоделското производство. ЗИК „Прилеп“ располага со 42475 хектари вкупна површина, од која обработлива е 15018 хектари. Останатата површина се користи за пасишта и шуми.
Покрај основнста дејност – земјоделството, ЗИК „Прилеп“ бележи успешна работа и во повеќе други гранки, како говедарството, овчарството, живинарството и рибарството. Според резултатите од работата, ЗИК „Прилеп“ е еден од најголемите одгледувачи на крупна стока во Македонија.
Посебен акцент на работата на Комбинатот е ставен на соработката со индивидуалните производители. Тоа е разбирливо од причини што градот и населените места располагаат со 80% земјоделски површини, а сточниот фонд се наоѓа во индивидуалниот сектор.
(Преземено од: „Прилеп“, септември 1979 година)
Коментирај