Загорани

Загорани

Загорани се наоѓа во Прилепско Поле, југозападно од градот Прилеп. Селото се наоѓа на граница меѓу возвишението Шипковица на југоисток и низински дел на северозапад. Околни населби се Веселчани, Чепигово, Тројкрсти и др. Куќите се групирани во три маала: Горно, Црквенско и Долно.

Не се знае точно кога е формирано денешното село Загорани. За најстар род во селото се сметаат Мицковци кои се делат на: Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци. За време на турското ропство половина од атарот со најдобра земја била чифлишка. Сопственици биле: Мустафа-бег од Битола, Ариф Афуз, Чатал и Имер Манче од Прилеп, Јашар и Салија од Трновци. Другата половина од земјата припаѓала на жителите. По 1912 година жителите ја откупиле чифликсајбиската земја, а некои ја добиле со аграрната реформа.

Во XIX век Загорани било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Загоране (Zagorané) е посочено како село со 35 домаќинства со 163 жители христијани и 51 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Загорани има 200 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век, населението на селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Загорани имало 144 егзархисти.

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Загорани живееле 7 Турци и 293 Бугари (?).

Според пописот од 2002 година, селото има 108 жители, сите Македонци.

Нема Коментари

Коментирај