• За Прилеп
  • За нас
  • Пријатели
  • Правила
  • Испрати пост
  • Wiki
  • Контакт
  • Најави се
  • Фото: 23774
  • Постови: 1661
  • Прилеп
    • Градскиот саат
    • Чаршија
    • Прилепчани
    • Народецот
      • Семејни слики
      • Прилепски чупи
      • Излетници
      • In Vino Veritas
      • Perpetuum mobile
      • Прилепски семејства
      • Свадбарски
    • Маркукуле
    • Прилепско
    • Стара архитектура
    • Ореовечка, Дабничка
    • Изградба
    • Природни богатства
    • Прилеп во патописите
  • Религија
    • Свештенство
    • Иконопиство
    • Фрескоживопис
    • Графички листови
    • Прилепска црковна општина
    • Други религии
  • Стопанство
    • Тутун
    • Индустрија
    • Занаети
    • Земјоделство
    • Здравство
    • Услужна дејност
  • Култура
    • Театар
    • Уметност
    • Музика
    • Филм
    • Новинарство
    • Писанија
  • Спорт
    • Фудбал
      • ФК Победа
      • ФК 11 Октомври
      • Фудбал – Останати екипи
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Останати спортови
    • Лов и риболов
  • Школски албум
    • Основно
      • ОУ „Кочо Рацин“
      • ОУ „Рампо Левката“
      • ОУ „Блаже Конески“
      • ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“
      • ОУ „Гоце Делчев“
      • ОУ „Свети Климент Охридски“
      • ОУ „Добре Јованоски“
    • Средно
      • Гимназија
    • Даскали
  • Војна и мир
    • Револуционери
  • Хоби
    • Филателија
    • Нумизматика
    • Значки, амблеми, грбови

За Прилеп

Има градови кои се создадени да пркосат…

Нема насилници, нема поробувачи, нема незаситници во пустошењата, кои тргнале од Запад кон Исток, и од Исток кон Запад, преку Балканот, а кои не се обиделе да го запалат Прилеп, да го срамнат до темели, како не би можел ни со своите урнатини да сведочи за својот живот.Од сите тие насилници и поробувачи останаа само мртви споменици, а тој, нашиот Прилеп, и понатака стои и опстојува пркосно… Од сите Mакедонски градови и престолнини, историјата го одбра токму Прилеп да сведочи за смртта на Самоил, за неговата нема средба со ослепените војници, после која му препукна срцето, можеби затоа што историјата знаела дека токму тука, среде гранитните карпи, кои на рамнотежата, како на природна сила знаеле да и откажат послушност, најплодотворно ќе се роди македонската освета, која Македонците ќе ги доведе до целосна слобода. Балканската воинствена историја не помни ниту една освојувачка аспирација, која не се обидела да го приграби и присвои Прилеп. И ниту еден од тие обиди за однародување не завршил поинаку, туку со пораз. Одмаздата на оние, кои посегнале по Прилеп, не оставила трага. Можеби пркосот прилепски и тие траги ги претворил во споменици на поразот на насилниците.

Врв над врвовите на сите прилепски простумења и пркосења, без сомневање, е почетокот на Октомвриското востание во 1941 година, огласено во Прилеп. Историјата недвосмислено забележала безброј докази за вековното простумење и пркосење на градот – предводник.

Прилеп и во слободата останал доследен на себеси.

Сите прилепски иднини се во него, како што се и сите прилепски мината на пркосот…

Memory Foam Mattress Topper