Волче Наумчески е роден на 18 јануари 1916 година во Прилеп.
Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“. Во 1935 година бил активен член на Културно-просветното друштво „Абрашевиќ“ во Прилеп. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“.
Во 1939 година му е објавена првата стихозбирка „Иди пролет“, печатена во Битола.
Во 1940 година бил мобилизиран во војската на Кралска Југославија. На 9 април 1941 година, како војник бил заробен од Германците кај Ниш и одведен во Бугарија, во логорот во Драгоман и Сливница. По ослободувањето живее во Софија, а во септември 1941 година се враќа во Прилеп.
По враќањето во Прилеп активно учествувал во револуционерното движење во градот, станал борец на Прилепскиот партизански одред и чествувал во оружената акција на 11 октомври. Кога се растурил одредот, во декември 1941 година повторно заминува во Софија.
Се враќа во 1943 година и повторно заминува во партизани каде што објавува стихови за борбата.
За време на НОБ Волче бил редок партизан, кој во исто време во своите раце ги имал и пушката, и перото, бидејќи постојано пишувал и фаќал белешки.
По војната работел во МВР, оддел за агитација и пропаганда.
Од 1967 година е активен член на Друштво на писателите на Македонија
Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни, меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно време“ и „Седумдесет цветови“.
За своите залагања во НОБ е одликуван со Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот.
Од областа на литературата, во 1968 година ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца за таа година. Добитник е и на наградата „11 октомври“ за животно дело.
Почина на 20 март 1980 година во Скопје.
МАКЕДОНСКИОТ ЧАПАЕВ
„Те помнам, те помнам ко детенце уште
Си игравме в школо низ прашниот двор
Те помнам, те помнам гушнати бевме
Над првите букви под вишниот бор…
Загина македонскиот Чапаев!
Низ јуриши силни со другари смели
Со пушка во раце со знаме во сјај
…се така те помна, о другар мој верен
… ти леташ и пееш низ родниот крај!“
(Песна во чест на Илија Игески-Цветан)
Коментирај